(Видео) Мицкоски: Да не влегуваме во замката на бугарската предизборна кампања

mickoski3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потпретседателот Александар Николоски даде одговор на тезата на Борисов, јас немам што повеќе да додадам, кажа премиерот Христијан Мицкоски од Штип во одговор на новинарското прашање како го коментира барањето на Борисов за оставка на министерот Николоски.



„Ќе треба да си го гледаме нашиот интерес како држава, да не влегуваме во замката на нивната предизборна кампања и реториката која што е дел од предизборната кампања во Бугарија. Жалам што во отсуство на сериозна визија, проекти, стратегија и политики, главна тема во Бугарија сакаат да биде Македонија и македонското прашање, но тоа е нивен избор, не е наш избор“, рече Мицкоски.

Тој им посака успешна кампања и избор на стабилна влада.

„Конечно по седми пат да изберат стабилна политичка влада со која што ние како македонска влада ќе можеме да градиме вистински добрососедски односни и заеднички да чекориме кон патот на целосна интеграција на нашата земја во рамките на ЕУ. Тоа се очекува од добри соседи и затоа постои договор кој што е наречен добрососедски договор“, додаде премиерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK