Со 153 гласа за и пет против, Ана Брнабиќ, до неодамна премиерка на Србија, е избрана за претседател на Собранието на Србија, пренесуваат српските медиуми.
Овластениот претставник на пратеничката група „Александар Вучиќ – Србија не смее да мирува“, Владимир Орлиќ, на дискусијата рече дека оваа листа со партнери и соработници ја предложила Ана Брнабиќ за претседател на српскиот парламент, бидејќи се горди на работата што таа ја направила за време на нејзините три премиерски мандати.
Претставничката на пратеничката група „Србија против насилството“, Мариника Тепиќ изјави дека два клучни скандали го одбележале мандатот на Ана Брнабиќ за премиерка на Србија. Тепиќ во собраниската расправа за изборот на Ана Брнабиќ за претседателка на Собранието истакна дека за неа не слушнала пофалби од редовите на Српската напредна странка, како и дека биографијата на идниот шеф на Собранието е само на една страница, на која ништо не пишува за нејзината седумгодишна работа како премиеркс.
Коалицијата “„Надеж“ соопшти дека нема да го поддржи изборот на Ана Брнабиќ за претседател на српскиот парламент, бидејќи за време на мандатот на нејзината влада ситуацијата на Косово беше доведена до точка на вриење и дојде до апсолутен колапс на институциите на владеењето на правото, изјави претставникот на групата Нови ДСС – ПОКС Ненад Томашевиќ.