Се урна грчки борбен авион, пилотот преживеа

w_55428683.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Грчкиот борбен авион „Ф-16 блок 52“ денеска се урна во близина на островот Псатура во централниот дел на Егејското Море, а пилотот е спасен – објави атинската „РТВ СКАИ“.

медиумот објави дека пилотот успеал да го активира системот за исфрлање и паднал со падобран во морето.

Генералштабот на воздухопловните сили потврди дека едноседниот авион од базата на борбени авиони во Лариса, во централна Грција, полетал на тренинг лет во формација со други авиони и се урнал предпладне.

Во операцијата за пребарување и спасување на пилотот додека не беше пронајден и подигнат од морето час и половина подоцна, учествуваа хеликоптерот „Супер Пума“ на воздухопловните сили, хеликоптерот С-70 на морнарицата и противпожарниот CL-415.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK