Samsung Galaxy А51 – Телефон одличен за сите ваши дневни рутини

Samsung-Galaxy-A51-10-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред да ви го претставиме новиот Samsung Galaxy А51 сакаме да напоменеме дека уредот изгледа одлично! Телефонот кој го добивме на тестирање е бисерно бела боја и истиот ни остави супер впечаток, лесен е, копчињата за регулалција на звукот и заклучување се стандардно позиционирани и е одличен за управивање со една рака.







Во уредот има можност да се интегрираат две сим картички и стандардата Micro SD Card. Одличен впечаток оставаат предната интегрирана камера, сензорот за отпечаток кој веќе е стандард кај  Samsung телефоните и воодушевувачките четири камери од задната страна.

Сумарно, првичниот впечаток за Samsung Galaxy A51 е дека овој телефон ветува многу.

Овој смартфон работи на оперативен систем Android 10, One UI 2.1и располага со 6.5 инчен AMOLED edge-to-edge Infinity-O Дисплеј, Full HD+ екран со заштитен слој Corning Gorilla Glass 3. Екранот има резолуција 1080х2400px кој ќе ви озвоможи прекрасно искуство кога ќе снимате, прегледувате видеа или кога телефонот го користите за играње на видео игри.

Телефонот располага со 4GB RAM меморија и внатрешен простор од 128GB внатрешна меморија и можност за надградување со надворешна меморија преку Micro SD слотот до дури 512GB, како и брзиот OCTACORE процесор (Quad 2.3GHz + Quad 1.7GHz) кој ќе ви овозможат одлично доживување при работа со телефонот.

Samsung Galaxy A51 има четири камери на задниот дел – Главна 48MP, F2.0 Depth 5MP, F2.2 Macro 5MP, F2.4 Ултра-широка 12MP, F2.2 со кои ќе можете да направите прекрасни фотографии и видеа.

Опцијата за супер стабилност која ја има телефонот ќе ви овозможи стабилизација при тресењето на камерата без разлика дали снимате предмет во движење или личноста која го држи телефонот се движи. Доколку сте љубител на селфи сликите предната селфи камера со 32MP, F2.2 на А51 ќе ви овозможи да направите фотографии со одличен квалитет.

*двете фотографии и видеата се направени со Samsung Galaxy A51

А51 содржи паметни апликации кои ќе ви го олеснат животот. Тука се апликациите Bixby Routines и Bixby Vision.

Bixby Routines ќе ви дозволи да ги дефинирате рутините во текот на денот со што нема да мора да ги вклучувате апликациите кои претходно сте ги дефинирале како рутина.

Bixby Vision е директно вграден во камерата и ќе ви овозможи интелигентно пребарување на предмети, уреди, текстови итн.

Ја тестиравме батеријата на Samsung Galaxy A51 која е вградена во телефонот и е со капацитет од 4000 mAh, а истата се полни брзо со Super-Fast полнач со моќност од 15W. Активната работа на телефонот и различните апликации кои се користат при нормален мод на работа имаат ниска искористеност на батерија. Тукае и опцијата GAME ВOOSTER која ги исклучува непотребните апликации во позадина за да ја оптимизира потрошувачката на батеријата, меморијата и температурата. Додека FRAME BOOSTER ќе се погрижи да дожиивеете вистинско движење при графичкото искуство.

За крај мораме да напоменеме дека телефонот го содржи модулот на повеќеслојна заштита Samsung Knox кој ќе се погрижи за целосната заштита на вашите лични податоци од разни малициозни напади.

Како што кажавме на почетокот Samsung Galaxy A51 е телефон кој на прв поглед многу ветува. Откако го тестиравме сфативме дека уредот ги оправдува нашите очекувања. Ние се надеваме дека барем малку успеавме да ви го доловиме ова Samsung искуство кое ние го доживеавме, но за да ви ја доловиме комплетната слика специјално за вас направивме кратки видеа во кои сме сигурни дека ќе уживате.

Текст Р.Т., Фото + Видео М.Б.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK