Huawei MateBook 13 – Лаптоп за успешни бизнисмени!

Huawei-MateBook-13-15-copy-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Конечно, малиот џин дојде во наши раце! Huawei MateBook 13.







Компанијата која својот бренд го крена на пиедесталот на најдобрите технолошки компании во светот благодарение на одличните мобилни телефони, полека но сигурно почна да се пробива и во светот на лаптопите. Уреди кои станаа неопходност во секојдневниот живот на секој поединец, без разлика на возраст или работни обврски.

Во светот на лаптопите има повеќе моќни компании кои агресивно си ја штитат позицијата промовирајќи различни модели на лаптопи. Тоа ја става во тешка позиција било која компанија која сака да се пробие во тој свет. Затоа беше и нашата нестрпливост голема.

Од кутијата извадивме мал, елегантен лаптоп. MateBook 13. Најмалиот во серијата лаптопи кои Huawei ја промовира. Металната рамка, со дебелина од само 14,9 мм, зрачи со елеганција. И што е интересно, тежи само 1,3 kg!

Со 13-инчниот 2K FullView дисплеј (2160 x 1440 px), Huawei MateBook 13  може да се пофали дека поседува одличен екран. Односот екран-тело изнесува 88%, а богатите бои го прават овој лаптоп соодветен за читање, пишување и гледање на видеа.

Има повеќе различни конфигурации за овој модел, од кои ние го добивме моделот со AMD Ryzen 5 3500U со Radeon Vega Mobile Gfx 2.10 GHz графичка картичка. 8-те GB RAM меморија и SSD хард дискот беа сосема доволни за беспрекорна работа на лаптопот.

Но, инженерите на Huawei изненадија со можноста за поврзување на телефон со лаптопот. Поврзувањето беше брзо и работеше беспрекорно. Имавме целосна контрола на телефонот преку лаптопот. Копирањето на фаjлови и фотографии беше лесно како да телефонот е во самиот лаптоп. Користењето на телефонот, без никакви пречки и доцнење беше проектирано на екранот од лаптопот.

Овие лаптопи имаат и една посебна можност, префрлање на фајлови само со допирање на телефонот од лаптопот. Оваа можност е возможна благодарејќи на Huawei Share технологијата која е имплементирана.

Вградена е голема батерија со капацитете од 41.7 Wh што овозможува долготрајна работа на лаптопот. Според тестирањата, видеа кои се наоѓаат на лаптопот со резолуција 1080p може да се гледаат 11,6 часа со едно полнење на батеријата, што е навистина добро. Благодарение на Quick Charge технологијата, со 15 минутно полнење, батеријата се полни доволно за да може компјутерот да работи 2,3 часа! Полначот е мал и се приклучува преку USB type C порта, која е мултифунционална, вклучително со адаптерот со VGA и HDMI приклучоци.

За овој лаптоп можеме уште да пишуваме, но ќе ви оставиме простор и сами да го истражите.

Сумирано, ова е еден мал, но моќен лаптоп. Лесен за носење и одличен за работа. А со елегантниот изглед е идеален за успешни луѓе кои се постојано во движење.

п.с. Ви го чита отпечатокот од прстот и сам се логира 🙂

п.с. 2 Купете си еден во Setec

МБ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK