Knox приказни: Задржете контрола над Вашата безбедност – користете ги Вашите податоци онака како што Ви одговара

001-The-Knox-Journals-Story_2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изборот е во Ваши раце со Контролната табла за безбедност и приватност, апликацијата Samsung Find и Поставките за напредна интелигенција на Galaxy







– Нашите мобилни уреди ни се постојано во рацете и се потпираме на нив до таа мера што ретко излегуваме без нив од дома. Тие се нашето продолжение, а експлозивните нови технологии, како Вештачката интелигенција и генеративната вештачка интелигенција, нудат огромни возбудливи можности за тоа што може да направите со Вашиот уред – или подобро речено, што Вашиот уред ќе Ви овозможи да направите.

Но, додека технологијата се менува, Вашето право на приватност не се менува. Новиот развој подразбира нови начини на обработка на податоците. Ние во Samsung сметаме дека треба да ја имате целосната слика кога станува збор за Вашите лични информации. Веруваме дека транспарентноста, изборот и контролата мора да бидат во срцето на мобилното искуство.

Во овој високо дигитализиран свет, Вашата безбедност и приватност се поважни од кога било, па е сосема правилно нашите корисници да имаат целосна контрола над своите уреди. Затоа, ние се фокусираме на обезбедување решенија кои Ви овозможуваат целосна контрола и потполна моќ над начинот на кој се користат Вашите податоци.

Контролна табла за безбедност и приватност (Security & Privacy Dashboard):

Ова верување е камен-темелник на нашата Контролна табла за безбедност и приватност. Контролната табла Ви овозможува целосна контрола над Вашите податоци, вклучувајќи и кој ги гледа и како се користат. Едноставниот и лесен за користење интерфејс, Ви овозможува да прегледувате, креирате и да ги ажурирате Вашите дозволи за апликации, контроли и функции за споделување податоци, ефикасно да управувате со Вашите податоци и да го прилагодите вашето искуство на Ваш начин.

Контролната табла, исто така, Ви овозможува да ги видите сите податоци кои може да бидат загрозени, интуитивно покажувајќи ви го безбедносниот статус на безбедносните ставки.

Поставки (Settings) > Безбедност и приватност (Security and Privacy)

Од тука, Вие брзо и лесно може да ги промените Вашите поставки за да управувате со потенцијалните опасности со само еден допир на копчето. Ставките се подредени по приоритет на функциите кои би можеле да имаат најголемо влијание на Вашата онлајн безбедност – како што е екранот за заклучување, безбедност на сметката, заштита на изгубени уреди преку Find My Mobile, безбедност на апликации и ажурирања. Овие функции се веднаш достапни на врвот, со интуитивни црвени, жолти или зелени предупредувања, кои веднаш укажуваат какви било проблеми и обезбедуваат јасни показатели за какви било безбедносни проблеми.

Се разбира, ние, исто така, ја вршиме работата за Вас. Апликациите континуирано ги следат податоците со месеци, дури и кога тие не се користат – но, уредите на Galaxy проактивно ги отстрануваат дозволите од апликациите кои не сте ги користеле извесно време, а кои потоа можете повторно да ги вратите во контролната табла, доколку така одлучите.

Ова можете да го направите преку функциите Менаџер за Дозволи (Permission Manager) и Користење на Дозволи (Permission Usage). Менаџерот за Дозволи лесно Ви покажува кои апликации можат да пристапат до Вашите податоци – дали станува збор за Вашата локација, камера или микрофон и во кој контекст (на пример, само кога ја користите апликацијата). Функцијата Користење на Дозволи обезбедува лесен начин за да видите кои дозволи сте ги користеле неодамна – конкретно, кои апликации користеле одредена дозвола во последните 24 часа или седум дена. И, за да ги направиме работите уште полесни, ние обезбедуваме и инстант инструкции преку контролната табла за одлуките за податоците да бидат поинтуитивни и транспарентни.

Пристапот до Вашата Контролна табла за безбедност и Приватност е едноставен. Само одете во Поставки (Settings), Безбедност и приватност (Security and Privacy), каде што може да ги прегледате и прилагодите дозволите како што сметате дека е соодветно.

Исто така, за понатамошно зголемување на приватноста на Вашиот уред, Вие можете да се забавувате со функции како што е прекинувачот Пристап до клипборд (Clipboard Access). Вклучувањето на оваа поставка (одите во Поставки, Приватност и го барате прекинувачот „Предупредување кога се пристапува до клипбордот“) значи дека секогаш кога една апликација нешто ќе залепи од Vашиот клипборд, вие ќе добиете известување. Нема повеќе скриени активности.

Никогаш не било полесно да ги видите и разберете вашите податоци за приватност со Galaxy. Ние ја ставаме контролата во вашите раце.

Пронајди го мојот уред (Find My Mobile / Samsung Find):

Неизбежно е во некој момент да го изгубиме нашиот телефон. Но, со Find My Mobile и Samsung Find, веќе не треба да се грижите дека личните информации на Вашиот уред можат да стигнат во погрешни раце.

Откако ќе се активира, Samsung Find Ви овозможува да го лоцирате, заклучите и дури да ги избришете податоците на Вашиот уред за да блокирате пристап. Можете да го најдете Вашиот уред дури и ако не е поврзан на мобилна мрежа, сè додека е тој е вклучен. А преку Samsung Find, не само што можете да го најдете Вашиот Galaxy телефон, туку и Вашите слушалки Galaxy Buds, таблети, часовници и други уреди.

Дополнителните достапни опции го прават пронаоѓањето на Вашите уреди полесно од кога било. Корисниците можат да поканат членови на семејството во апликацијата Samsung Find за да ја видат локацијата или да активираат звучни сигнали за да помогнат во пронаоѓањето на уредите кои заедно ги користите. За што полесно да ги лоцирате изгубените уреди со Samsung Find, Вие можете да го продолжите времетраењето на батеријата така што далечински ќе го вклучите режимот за заштеда на енергија.

Поставки (Settings) > Безбедност и приватност (Security and Privacy) > Заштита на изгубени уреди (Lost device protection)

Со Galaxy, Вие имате можност за целосна контрола над Вашиот уред – дури и кога физички тој не е со Вас.

Поставки за напредна интелигенција:

Како водечки глобален производител, Samsung е фокусиран на подобрување на искуството со уредот преку посветени функции за Вештачка интелигенција (AI), истовремено давајќи приоритет на приватноста во ерата на AI. Многу од нашите Galaxy AI функции користат обработка на податоци на самите уреди, што значи дека чувствителните информации остануваат само кај Вас. За оние функции што бараат обработка во облак или на надворешни сервери, ние се грижиме Вашите податоци да бидат заштитени со строги политики.

Во светот на искуства со AI, знаеме дека секој не сака да користи AI базирана на облак. За некои, чувањето на податоци на уредот е приоритет. Па, додека иновацијата е важна за нас, веруваме дека е исто толку, ако не и поважно, да продолжиме да ги зајакнуваме нашите корисници со изборот за нивното сопствено искуство.

Тој избор е Ваш со нашите Поставки за напредна интелигенција[1]. Вградени во нашите уреди поддржани со Galaxy AI, овие поставки Ви овозможуваат да одлучите колку ќе дозволите Вашите податоци да ги подобрат искуствата со AI и дали сакате да дозволите онлајн обработка за целосна AI функционалност.

За да пристапите до поставките, отворете Поставки и изберете Напредни функции (Advanced features), потоа Напредна интелигенција (Advanced intelligence). Тука, ќе видите опција за „Обработка на податоци на уред“.

Поставки (Settings) > Напредни функции (Advanced features) > Напредна интелигенција (Advanced intelligence)

Ние сме сè уште подеднакво посветени на нашите корисници да им обезбедиме транспарентност, избор и контрола на над нивните уреди во овој епски нов свет. Сè зависи од Вас, и никогаш не било полесно да видите и разберете што се случува со Вашите податоци во секое време.

Вашата приватност е обезбедена со Galaxy.

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

[1] Достапноста може да варира во зависност од моделот на уредот, ОС и/или пазарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK