Како вештачката интелигенција Galaxy AI го однесе мобилното искуството на Samsung телефоните на повисоко ниво?

samsung_MK-Galaxy-AI_PC-2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако Samsung го потресе светот на смартфоните со новите функции напојувани од вештачка интелигенција во својата најнова линија на флегшип телефони, Galaxy AI се етаблираше како поим кој, меѓу другото, кој уште сега ги наговестува дури и одговорите за мобилните технологии од следната генерација. Вештачката интелигенција на мобилните уреди го трансформира начинот на кој  комуницирате со светот околу вас, при тоа отворајќи нови можности за секого. Но, не мора вашиот телефон да биде најновиот од Samsung за да можете да уживате во искуството со Galaxy AI користејќи ги сите негови придобивки и предности, бидејќи со најновото ажурирање на оперативниот систем One UI 6.1 тоа можете да го добиете и на вашиот телефон кој го користите од лани.







Да ги земеме за пример минатогодишните телефони на преклоп, кои понесоа толку добри епитети за својот дизајн, изработка и перформаси, што ги редефинираа стандардите за тоа како еден телефон на преклоп треба совршено да изгледа и функционира. Што ви донесува апдејтираниот интерфејс One UI 6.1 кај вашите Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5?

Со Galaxy AI вештачката интелигенција имплементирана во функциите на овие уреди ќе ги добиете на располагање најактуелните AI функции кои ќе ви овозможат беспрекорна комуникација, неограничена креативност и продуктивност. Ако вашиот омилен телефон е, на пример, Galaxy Z Fold5, отсега ќе можете да ја користите и атрактивната функција Circle to Search (Пребарување со заокружување) со која доколку забележите нешто за што ви треба  објаснување, можете брзо да добиете одговор, дури и без да ја напуштите страницата! Само заокружете со прстот и за миг добивате генерирани од Google резултати за она што го барате. Потоа, ја имате ВИ алатката за совршена пишана комуникација со функцијата Chat Assist (Помош за разговор) која ќе ви овозможи превод на пораки, е-пошта и друга содржина во реално време, како и да го усовршите тонот на разговорот, за комуникацијата да звучи попрофесионално! Сега можете да одговорите на порака на вашиот јазик која автоматски ќе биде преведена за другата страна, и тоа со тон каков што сакате да има вашата комуникација – професионалн, опуштен, пријателски….

Исто така, ова најново ажурирање на One UI 6.1 на вашиот Galaxy Z Fold5 кој е особено прикладен за извршување на секојдневните работни обврски, ви ги донесува и извонредните можности за запишување на вашите мисли или правење список со задачи со опцијата Note Assist (Помош за белешки) која ги скратува записите и го обликува текстот. Благодарение на вештачката интелигенција, вашиот екран, покрај тоа што кога е расклопен може да го замени вашиот таблет, па дури и лаптоп, дополнително станува организиран и лесен за прегледување. За гласовни снимки, опцијата Transcript Assist (Помош за транскрипција) користи „говор во текст“ за транскрипција, сумирање, па дури и преведување на снимките на други јазици. Впрочм, сите овие функции со вештачка интелигенција кои ќе можете да ги имате и на вашиот телефон на прклоп се создадени да ја направат вашата секојдневна комуникација  интуитивна, полесна и поинтересна.

Замислете што ќе добиете со подобрените ВИ функции кај и досега извонредниот систем на камери кај вашиот Fold5!

Веќе фантастичните можности на камерите кај вашиот телефон на преклоп, сега со Galaxy AI функциите за фотографирање со вештачка интелигенција овозможуваат дополнително подобрување. Сите веќе направени фотографии може да ги направите уште подобри со користење на функциите Edit Suggestion (Предлози за уредување) и Generative Edit (Генеративно уредување). Првата ќе се погрижи самиот уред да ги предложи најдобрите корекции на фотографиите, а со генеративно уредување ќе можете да ги отстраните елементите што го одвлекуваат вниманието од фотографијата, од луѓе до рефлексии.

Доколку пак, користите сосема друг телефон, Samsung ве изненади со апликацијата Try Galaxy, со која ви овозможува да видите како изгледа најновото Galaxy искуство, при што ќе можете и да ги запознаете и тестирате овие најнови ВИ функции. Возбудливи можности ве очекуваат со функциите на Galaxy AI кои истовремено ќе ви ја поттикнат и креативноста и дополнително ќе го инспираат вашето секојдневно мобилно искуство.

Повеќе информации за телефоните на преклоп прочитајте на следниве линкот:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK