Насилство за време на новогодишната ноќ во Велес: Маж го нападнал својот брат

Полицијата вчера го приведе С.К.(39) од Велес, затоа што, според пријавеното, во дворот од семејната куќа физички го нападнал неговиот 41-годишен брат со тврд предмет. За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, објави МВР во дневниот билтен.

Continue Reading

Спасовски за внукот на Ахмети: МВР ги презеде сите активности, на потег е Обвинителството

МВР ги презеде сите потребни активности од полициски аспект, понатаму Јавното обвинителство ќе оцени како ќе постапува. Ова го истакна денес министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан за пронајдените пиротехнички средства во возилото на внункот на лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети, кој неодамна стана управител на трговскиот центар „Соравија“. Спасовски рече дека одземени се сите предмети и доставен е поднесок …

Continue Reading

Израелската армија соопшти: Војната во Појасот Газа ќе трае цела година

Војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа ќе трае цела 2024 година, изјави портпаролот на израелската армија во новогодишното обраќање до војниците. „Израелската армија мора однапред да планира бидејќи ќе бидеме повикани на дополнителни воени задачи во текот на оваа година“, рече Даниел Хагари во неделата навечер. Тој посочи дека за продолжување на војната ќе бидат потребни десетици илјади …

Continue Reading

Немири во Франција за Нова Година, уапсени 400 лица

Во Франција на новогодишната ноќ беа уапсени речиси 400 луѓе поради немири и палење автомобили, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, додавајќи дека со зголемените безбедносни мерки, забележани се помалку инциденти од претходно. Низ целата земја се уапсени 380 бунтовници, што е за околу 10 отсто помалку во споредба со претходната новогодишна ноќ, рече Дарманин, пренесува АП. Властите потврдија …

Continue Reading

Во близина на Венеција се преврте автобус со туристи од БиХ, 10 повредени

Автобус со 77 туристи од Босна и Херцеговина се преврте во текот на ноќта во Сан Дона ди Пиаве, во близина на Венеција, Италија. Во автобусот имало и двајца возачи. Пожарникарите извлекувале луѓе од автобусот. Во несреќата полесно се повредени 10-тина патници. На лице место им била укажана прва помош, а потоа се пренесени во локална болница. Несреќата се случила …

Continue Reading

По земјотресот и цунамито во Јапонија, илјадници луѓе останаа без струја: „Морате да бидете внимателни“

Силен земјотрес и цунами ја погодија централна Јапонија и нејзиниот западен брег, предизвикувајќи предупредувања за жителите да се евакуираат, прекинувајќи ја струјата во илјадници домови и ги прекинаа летовите и железничките услуги во погодената област. По земјотресот со прелиминарна јачина од 7,6 степени, јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за силна сеизмичка активност во наредната недела, а особено во наредните два …

Continue Reading

Николовски: Од денес пониска цена на електрична енергија за домаќинставата за 5 отсто во прв блок

Од денес, 1. јануари, пониска цена на електрична енергија за домаќинставата за 5 отсто во прв блок, изјави на прес-конференција, членот на ЦО на СДСМ, Дарио Николовски. „Граѓаните кои внимаваат и домаќински ја трошат струјата ќе плаќаат помалку. Математички прецизно од 1 јануари за 5% поевтина цена во први блок, а вториот блок и евтината струја остануваат исти. Само со …

Continue Reading

Избоден 20-годишник на новогодишната ноќ во Скопје

За време на новогодишната ноќ имало три физички напади во Скопје, а едно лице со повреди од нож е хоспитализирано на Клиника. Се работи за 20-годишник, кој во моментов е во стабилна здравствена состојба. Во Ургентниот центар биле извршени 103 прегледи од кои три по сообраќајни незгоди.

Continue Reading

Спасовски: Новогодишната ноќ на територијата на цела држава помина главно мирно

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР на првиот работен ден во Новата година беше во посета на полицискиот центар „Ѓорче Петров“ каде што оствари работна средба со раководствата на Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје. На средбата на министерот Спасовски му беа презентирани активностите кои се преземаат во делот на оперативниот план …

Continue Reading