Спасовски за внукот на Ахмети: МВР ги презеде сите активности, на потег е Обвинителството


Спасовски-за-внукот-на-Ахмети-МВР-ги-презеде-сите-активности.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МВР ги презеде сите потребни активности од полициски аспект, понатаму Јавното обвинителство ќе оцени како ќе постапува. Ова го истакна денес министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан за пронајдените пиротехнички средства во возилото на внункот на лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети, кој неодамна стана управител на трговскиот центар „Соравија“.


Спасовски рече дека одземени се сите предмети и доставен е поднесок до ЈО.  Вели дека треба да се земат во предвид сите факти и докази и понатаму Обвинителството врз основа на тоа да донесе одлука.

Дрин Ахмети беше приведен во саботата во Скопје, кога полицијата при проверка на неговиот автомобил нашла 750 пиротехнички средства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK