Земјотрес со јачина од 6,7 степени ги погоди Филипините

26e6bb23-1338-447d-b24c-7b8ae732fa99-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Минданао на Филипините, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Земјотресот бил на длабочина од 630 километри, соопшти ГФЗ.

Филипинската сеизмолошка агенција во предупредувањето соопшти дека не се очекува земјотресот да предизвика штети, но се очекуваат последователни потреси.

Филипините се наоѓаат во Пацифичкиот „Огнен прстен“, каде вулканската активност и земјотресите се вообичаени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK