„Земјите кои и даваат оружје на Украина нека горат во пеколот“, рече Медведев

medvedev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Русија може да испорача оружје на секој непријател на САД, исто како што Вашингтон ја снабдува Украина со оружје“, рече заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател на Русија, Дмитриј Медведев.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера на состанокот со шефовите на меѓународните новински агенции на маргините на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум (СПИЕФ) изјави дека Москва размислува како да одговори на испораките на оружје во Киев за нападите врз Русија.

Според Путин, снабдувањето со слично оружје за региони од кои би можеле да се извршат големи напади врз западните инсталации е една од опциите.

„Ова означува прилично значајна промена во нашата надворешна политика“, истакна Медведев, коментирајќи ја позицијата на Путин.

„Американците и нивните европски кучиња мислат дека имаат право да испратат какво било оружје во Украина – непријателот на нашата земја“, рече Медведев, пренесе руската државна прорежимска агенција ТАСС.

„Сега САД и нивните сојузници нека го почувствуваат директното влијание на употребата на руското оружје меѓу американските непријатели. Оние на кои САД им се непријател се наши пријатели. Се надевам дека употребата на руско оружје во многу региони ќе биде исто толку погубно за нашите противници. Земјите кои и даваат оружје на Украина нека горат во пеколот“, рече Медведев.

„Што се однесува до Русија, ќе се радуваме на успешни напади со нашето оружје против заедничките непријатели“, заклучи тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK