Зеленски си замина од Давос без посакуваната средба

Видео-Зеленски-Новите-санкции-на-Европската-унија-ќе-ги-намалат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинските лидери не криеја дека сакаат да се сретнат со кинеските претставници во Швајцарија оваа недела, но претседателот Володимир Зеленски си замина дома без посакуваната средба, што претставува нов удар за Киев, пишува „Политико“.


Кинеската делегација во Швајцарија имаше доволно можности да се сретне со своите украински колеги, било во Берн или на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос. Секоја средба би ја задоволила долгогодишната надеж на Киев за директни разговори со високи претставници од Пекинг.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак пред почетокот на мултинационалниот мировен самит на швајцарските Алпи изјави дека е неопходно Кина да се вклучи во мировните преговори и навести дека Зеленски ќе има можност да разговара со кинескиот премиер Ли Кианг.

На крајот, Украина не направи никаков напредок во целта Кина да се посвети на преговорите, а Зеленски и Ли не успеаја да разговараат. Тоа е најнов знак дека Кина нема намера да се залага за прекин на сеопфатната војна на рускиот претседател Владимир Путин против Украина, тврди „Политико“.

Одлуката на Кина да не се сретне со Украинците се чини дека е намерна и не е резултат на напорен распоред. Висок американски функционер потврди дека Пекинг го одбил барањето на Киев за средба. Друг американски функционер рече дека Кина одбила какви било разговори откако Русија ја повикала да ги прекине планираните дипломатски состаноци со Украина.

Украинскиот функционер рече дека средбата со кинеските претставници всушност воопшто не била во распоредот на делегацијата и дека Киев никогаш не го побарал тоа. Кинеските власти не коментираат зошто средбата не се одржала.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK