Зеленски го информираше шефот на НАТО за ситуацијата на фронтот, има барање

Зеленски-го-информираше-шефот-на-НАТО-за-ситуацијата-на-фронтот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Украинскиот претседател Володимир Зеленски на средбата со Јенс Столтенберг на маргините на Светскиот економски форум (СЕФ) го повтори барањето на неговата земја за членство во НАТО.

Зеленски му рече на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во швајцарскиот зимски центар Давос дека очекува НАТО оваа година да донесе одлуки што ќе ја доближат неговата земја до приклучување кон воената алијанса. Украинскиот лидер го информирал Столтенберг за ситуацијата на линијата на фронтот, се вели во соопштението за печатот од канцеларијата на Зеленски.

Тој, исто така, ја истакна важноста од зајакнување на украинскиот систем за воздушна одбрана по неодамнешното руско гранатирање. Подоцна денеска, Зеленски треба да го одржи главното обраќање.

Во претходните две години, Зеленски се обрати на форумот преку видео врска, упатувајќи ги своите апели за помош во справувањето со руската агресија. Во оваа прилика тој се соочува со зголемен воен замор во Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен им порача на поддржувачите на Украина на Светскиот економски форум во Давос „да го зајакнат својот отпор“ пред руската инвазија.

Повикувајќи на повеќе оружје и финансиска поддршка за Украина, Фон дер Лејен, во говорот на годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ), ги повика поддржувачите на Украина да продолжат да го прават тоа.

Фон дер Лајен рече дека на Украина и треба „предвидливо финансирање во текот на 2024 година и пошироко“.

Во обраќањето на глобалниот форум во швајцарскиот зимски центар Давос, Фон дер Лајен рече дека Украина „може да победи во оваа војна“, наведувајќи ги во овој контекст победите на Киев во операциите за ослободување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK