Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети украинските војници на југоисточниот фронт и им додели медали.
И Зеленски преку социјалните мрежи информира дека ги посетил војниците во селото Роботина, на јужната линија на фронтот „Запорожје.
„Разговарав со бранителите, им се заблагодарив и им врачив државно одликување. Чест е да се биде овде денеска“, објави Зеленски.
Селото Роботина беше ослободено од украинските сили во текот на летото.