Воениот удар во Нигер ги попречува хуманитарните акции на Обединетите нации во една од најсиромашните земји во светот, бидејќи затворањето на границите и воздушниот простор го прекина снабдувањето со лекови и храна, соопшти денеска претставничката на ОН во Нигер, Луиз Обин.
„Хуманитарците на ОН се борат да испорачаат залихи, кои се при крај, токму во момент кога регионалните санкции потенцијално го зголемуваат бројот на луѓе на кои им е потребна помош“, рече Обин.
Уште пред воениот удар во Нигер на 26 јули, ОН соопштија дека помош им е потребна на повеќе од четири милиони луѓе.