Кинеската амбасада на Филипините ги осуди САД за преувеличување на проблемите поврзани со Јужното Кинеско Море


voen brod
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинеската амбасада на Филипините денеска ги осуди САД за преувеличување на проблемите поврзани со Јужното Кинеско Море и поморскиот инцидент меѓу кинеските и филипинските бродови.

„Јужното кинеско море не е сафари парк за земјите надвор од регионот да прават зло и да сеат раздор“, се вели во соопштението.


Од Кинеската амбасада ги повикуваат САД да го почитуваат територијалниот суверенитет и поморските права на Кина.

Американскиот Стејт департмент претходно објави дека САД стојат на страната на нивните филипински сојузници и дека активностите на Кина се во спротивност со меѓународното право.

Пекинг вчера побара од официјална Манила да го отстрани својот закотвен воен брод од вториот корален остров Томас гребен во Јужното Кинеско Море, откако Кина во текот на викендот со помош на водени топови го блокираше преминот на два филипински воени брода за снабдување.

Филипинската Влада подоцна го повика кинескиот амбасадор и вложи остар протест поради употребата на водени топови од страна на кинеската крајбрежна стража во судирот со филипинските бродови во спорното Јужно Кинеско Море.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK