Парламентарните избори во Полска се закажани за 15 октомври, пренесоа светските агенции.
„Одлучив изборите да се одржат на 15 октомври 2023 година“, објави полскиот претседател Анджеј Дуда на социјалната мрежа Х .
Претходно, денеска, претставници на кабинетот на полскиот претседател неофицијално ја информираа полската агенција ПАП дека шефот на државата планира гласањето да го закаже за тој датум, потсетуваат британските медиуми.