Започна историското судење на Трамп

tramp.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во судот на Менхетен на историско кривично судење за поткуп на порно ѕвезда, кое може да трае со недели и да го искомплицира неговиот обид да се врати во Белата куќа. Трамп (77) е првиот поранешен претседател на САД (2017-2021) кому му се суди за кривично дело.


Тој мора да биде присутен на судењето во Менхетен, кое може да трае цел мај. Изборот на поротата треба да трае околу една недела, по што сведоците ќе сведочат. Трамп пристигна од својот стан во Трамп Тауер во конвој црни теренци кои ги надлетуваа хеликоптери.

Неколку демонстранти се собраа на плоштадот спроти улицата носејќи транспаренти на кои пишуваше „Губитник“ и „Осуди го Трамп еднаш засекогаш“. Иако некои правни експерти сметаат дека судењето е најмалку важно од четирите кривични постапки против Трамп, тој е единствено што ќе се одржи пред претседателските избори на 5 ноември.

Трамп се изјасни за невин и тврди дека е прогонуван од политички причини. Доколку биде прогласен за виновен, тој сепак би можел да ја извршува функцијата, но според истражувањето на Ипсос за Ројтерс, тој би имал помали шанси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK