Залужни сменет, Зеленски го назначи Сирски за нов врховен командант на украинската армија

Залужни-сменет-Зеленски-го-назначи-Сирски-за-нов-врховен-командант.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го разреши врховниот командант Валериј Залужни и на негово место го назначи генералот Александар Сирски.

„Се сретнав со генералот Залужни, му се заблагодарив за двегодишната служба. Разговаравме и за тоа кој би можел да се приклучи на раководството на вооружените сили. Време е за такво ресетирање. Од денеска нов лидерски тим го презема раководството на Вооружените сили на Украина. „Го назначив генерал-полковник Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина“, рече Зеленски.

Зеленски во интервју на 4 февруари за италијанската медиумска куќа „Раи“ потврди дека планира големо ресетирање на украинското раководство, кое би можело да вклучи неколку кадровски промени.

Залужни заедно со претседателот објави слична порака со заедничка фотографија.

„Само што се сретнавме со претседателот. Важен и сериозен разговор. Донесена е одлука за потребата од промена на пристапот и стратегијата. Предизвиците во 2022 година се различни од оние во 2024. Затоа, секој мора да се промени и да се прилагоди на новата реалност. Ајде да победиме заедно“, додаде тој.

Извор на „Киев Индипендент“ во Генералштабот на вооружените сили на Украина минатата недела потврди дека Залужни требало да биде отпуштен.

САД, му порачаа на Киев дека нема да се мешаат во кадровските одлуки во земјата, а тоа го потврди и американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан на 4 февруари.

Залужни е врховен командант од јули 2021 година. Извештаите за несогласувања меѓу Зеленски и Залужни за прв пат се појавија во ноември 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK