Захарова: САД и Велика Британија помогнаа во нападот на украинските сили на Севастопол

Захарова-САД-и-Велика-Британија-помогнаа-во-нападот-на-украинските.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Нападот на Севастопол, во кој беше оштетено седиштето на Црноморската флота, е извршен со помош на специјалци од САД и Велика Британија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Севастопол повторно беше нападнат на 22 септември и нема ни најмало сомневање дека нападот бил однапред планиран со користење на западно разузнавање, сателитска опрема на НАТО, извидувачки авиони и изведен на иницијатива и во тесна соработка со американските и британските разузнавачки служби“, рече таа на брифингот, пренесе РИА Новости.

Захарова нагласи дека очигледната цел на овој напад и други слични терористички акти е да се оттргне вниманието од неуспешните контраофанзивни обиди на вооружените сили на Украина и да се заплашат луѓето, да се сее паника во руското општество и на крајот да се дестабилизира внатрешно-политичката ситуација во земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK