Захарова ја обвини Хилари Клинтон: „Имам докази дека лаже за Епстин“


Depositphotos_866082234_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја обвини Хилари Клинтон дека, како што тврди, изнесува невистини за врските на нејзиниот сопруг Бил Клинтон со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.


Во изјава за руски медиуми, Захарова тврди дека Хилари Клинтон „ја прикрива“ улогата на својот сопруг и неговото наводно знаење за активностите на Епстин, како и дека постојат докази кои, според неа, ги оспоруваат тврдењата на поранешната американска државна секретарка, пренесува РИА новости.

„Слушнав и читав како Хилари Клинтон повторно се обидела да го прикрие својот сопруг, тврдејќи дека тој не знаел каде оди, дека не разбирал кој е Епстин и дека не бил вмешан во ништо од ова. Извинете, но имам доказ дека лаже“, изјави Захарова.

Таа во коментарот го спомена и авионот што го користел Епстин, тврдејќи дека бил познат како „Лолита експрес“, и сугерираше дека тоа укажува на природата на неговите патувања и контакти.

„Кога таа (Хилари Клинтон) вели дека Бил Клинтон го користел овој авион за да лета на хуманитарни настани, тие знаеле каков е тој авион, бидејќи токму тој авион имал специфично име“, истакна Захарова.

Повод за новите коментари, според наводите, е објавувањето дополнителни документи поврзани со случајот Епстин, кој во 2019 година во САД беше обвинет за трговија со малолетници за сексуална експлоатација.

Истата година, Епстин почина во затвор, а американските власти заклучија дека станува збор за самоубиство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK