Врховниот суд на САД денеска пресуди во корист на кандидатот за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп, дозволувајќи му да остане на гласачкото ливче и ја поништи одлуката на сојузната држава Колорадо со која беше дисквалификуван поради неговото наводно учество во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Судиите на Врховниот суд ја соопштија одлуката еден ден пред утрешниот „супер вторник“, кога гласачите во околу 15 сојузни држави одат на внатрепартиски избори, пишува „Вашингтон пост“.
На крајот на минатата година, властите во Колорадо донесоа одлука со која го прогласија Трамп неподобен за функцијата претседател на САД.