Војната во Украина фрли сенка и врз Самитот ЕУ-ЦЕЛАЦ

ursula
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку десетици лидери на членките на ЕУ и на Задницата на државите од Латинска Америка и Карибите (ЦЕЛАЦ) се собраа изминативе два дена на средба во Брисел на која разговараа климатските промени, трговската соработа, инвестииците и борбата против нееднаквоста и шверцот на дрога, но прашањето околку војната во Украина ги покажа геополитичките разлики и непомирливи ставови меѓу дел од земјите од двата региона.

Во конечната верзија на завршниот документ од Самитот, кој од првичните предложени 16 страници се сведе на девет, се изразува „длабока загриженост за актуелната војна против Украина“. Според дипломатски извори, иако претставниците на ЕУ предлагале „многу пожестоки квалифилации“ за случувањата во Украина, сепак за тоа не наишле на поддршка кај некои од земјите од Латинска Америка.


Истите извори посочуваат дека Никарагва „не се согласила со еден став“ во документот, додека Венецуела се спротивставила на остра осуда на руската агресија врз Украина, како и дека и двете земји не попуштиле во своите ставови и покрај притисоците од држави како Бразил и Аргентина.

Официјални претставници на ЕУ истакнуваат дека сепак употребената формулација „војна против Украина“ наместо „војна во Украина“ претставува дипломатска победа за Брисел, бидејќи со ваквата фраза Русија се идентификува како агресор, без директно да биде именувана, а во исто време е избегнато сценариото Самитот да заврши без заедничка изјава.

Чилеанскиот министер за надворешни работи Алберто Ван Клаверен изјави дека било „многу тешко“ да се постигне компромис за заедничката завршна изјава.

– Многу сме изненадени што има членки на нашата Заедница кои се противат на каква било резолуција во врска со војната во Украина, додаде Клаверен.

Некои европски дипломати за вака усвоената изјава одговорноста ја гледаат во актуелниот претседавач со ЕУ, Шпанија. Шпанскиот премиер Педро Санчез е поборник за посилни врски меѓу ЕУ и земјите од Латинска Америка, но во исто време се соочува со предизборна кампања за предвремените парламентарни избори в недела, па дури во понеделниокт вечерта го напуштил Самитот за да учествува на предизборен митинг.

Во официјалното соопштение на Европската комисија од средбата се посочува дека на овој Трет самит ЕУ-ЦЕЛЕЦ, што се одржува осум години по претхониот собир, присуствувале шефови на држави или влади на членки на ЕУ и на 33-те земји на ЦЕЛАЦ, на кој Унијата ја претстви Глобалната инвестициска агенда за Латинска Америка и Карибите, што опфаќа повеќе од 135 проекти насочени кон фер зелена транзиција и инклузивна дигитална трансформација, развој на човечките потенцијали и зајакнување на задравствените системи, за што се предвидени над 45 милијарди евра до 2027 година.

На маргините на ЕУ потпиша меморандуми за разбирање за енергетска соработка со Аргентина и Уругвај, како и со Чиле за воспоставување партнерство за одржливо снабдување со суровини, додека со Хондурас, Салвадор и Еквадор се потпишани меморандуми за разбирање за билатерални консултации. Дополнително, Унијата и 20 од членките на ЦЕЛАЦ се договорија за зајакнување на своето партнерство преку воспоставување на Дигитална алијанса ЕУ-Латинска Америка и Карибите, а Брисел најави и итно издвојување на 10 милиони евра аа хуманитарните потреби на Хаити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK