Во случај на подолго отсуство на Фицо, тој би бил заменет со еден од четворицата вицепремиери

f-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Доколку словачкиот премиер Роберт Фицо, кој денеска беше застрелан, би отсуствувал подолго време, на негово место би дошол еден од четворицата потпретседатели на словачката влада, пишува словачкиот портал Деник Н.

Според Законот за надлежности, во тој случај би го застапувал вицепремиерот, кој го именува премиерот.

Како што се наведува, во Владата во моментов има четворица потпретседатели, од кои еден е министерот за одбрана Роберт Калињак (Смер), кој е во иста партија со Фицо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK