Во Португалија горат 15 шумски пожари, Владата бара помош од Европа

portugalija-pozar1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Португалија денеска побара авиони за гаснење пожари бидејќи беснеат најмалку 15 шумски пожари во централните и северните региони, вклучително и оној во кој изгореа куќи во предградието на градот Албергарија-а-Велха.



Повеќе од 800 пожарникари се бореа со тој пожар и уште три други во северозападната област Авеиро каде што полицијата затвори автопати, вклучително и дел од главниот автопат меѓу главниот град Лисабон и Порто, и евакуираше неколку села.

Областа беше покриена со густ чад од пожарот, кој беше разгорен од силниот ветер и високите температури.

Властите соопштија дека во таа област распоредиле осум канадери.

Владата побара од Европската комисија повеќе авиони за гаснење пожари во рамките на механизмот за цивилна заштита на ЕУ, познат како RescEU.

Градоначалникот на Албергарија-а-Велхе, Антонио Луреиро за новинската агенција Луса изјави дека во пожарот биле уништени две куќи и дека пожарот се шири низ индустриската и станбената област на градот со околу 25.000 жители.

Официјалните лица рекоа дека вкупно 1.500 пожарникари се распоредени низ целата земја каде температурите надминаа 30 степени Целзиусови во текот на викендот и се очекува да останат високи во понеделник и вторник.

Португалија и соседна Шпанија забележаа помалку пожари од вообичаено по дождливиот почеток на годината. Но, и двете земји остануваат ранливи на сè потоплите и суви услови што научниците ги припишуваат на глобалното затоплување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK