Во Полска стигнаа првите пет повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС

polska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак денеска во Варшава ги презеде првите пет лесни повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС од вкупно 20 што Полска ги купи од САД, а оваа година САД се согласија постепено да и продаваат на Полска уште 500.







„Ги преземаме ХИМАРС во полската армија, оружје кое се покажа добро во борбите, во рацете на Украинците кои ја запираат руската инвазија. За кратко време ќе имаме голема сила на располагање и ќе ја зајакнеме полската артилерија“, рече Блашчак.

Полскиот министер за одбрана претходно најави дека 20 повеќецевни фрлачи ХИМАРС, зделка вредна 414 милиони долари, не е крај и дека се водат преговара за купување на уште 500 фрлачи за кои американскиот Конгрес изразил согласност, а официјална Варшава има амбиции во тој нов договор да договори и производство на ХИМАРС во Полска.

Покрај повеќецевните фрлачи, Полска нарача и борбена муниција, со дострел од 70 километри и 300 километри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK