Метеоролозите од Јапонија предвидуваат дека денеска ќе падне уште снег, еден ден откако речиси 800 возила беа затрупани со часови на автопат во централна Јапонија, пренесе АП.
Линијата долга шест километри настана откако две приколки се заглавија во снегот во средата, принудувајќи ги војниците да дојдат и да помогнат во ослободувањето на возилата.
Јапонската метеоролошка служба објави дека до петок би можеле да паднат околу 60 сантиметри снег во регионот Тохоу, според агенцијата „Кјодо“, а обилен снег се очекува и на северниот остров Хокаидо и во некои други области.
На автопатот Мејшин во префектурата Гифу имаше сообраќаен метеж.
Две деца во заглавеното возило имале здравствени проблеми и завршиле во болница, додава јапонската новинска агенција.
Студениот воздух од запад формираше студен фронт кој предизвика обилен снег на северот од централниот регион, јавува Танјуг.