Во Германија предупредување за обилен снег и екстремна опасност од мраз, откажани се многу летови

Во-Германија-предупредување-за-обилен-снег-и-екстремна-опасност-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Германија се подготвува за обилни врнежи од снег и мраз, а со тоа и за проблеми во сообраќајот. Се очекуваат обилни снежни врнежи и екстремно ниски температури, особено во центарот и јужниот дел на земјата, соопшти Германската метеоролошка служба. Ефектите ќе се почувствуваат и во железничкиот и воздушниот сообраќај.

Метеоролозите предупредија на екстремна опасност од мраз на југозапад и „црн мраз“ – тенок слој мраз на патиштата – во јужниот дел на земјата. Обилни снежни врнежи се предвидуваат за западниот и центарот на Германија. Снег денеска се очекува и во централните и источните делови од земјава, според метеоролошките предупредувања објавени вчеравечер.

Се очекуваат значителни ефекти врз транспортната инфраструктура.

Аеродромот во Франкфурт очекува бројни откажувања на летови поради предвидените снежни врнежи. Фрапорт, компанијата која управува со аеродромот, најави дека воздушниот сообраќај може да биде сериозно ограничен до четврток. Аеродромот Сарбрикен вчера вечерта објави дека целосно ќе ги откаже своите летови денеска.

Прогнозите за врнежи од снег во јужна и западна Германија, исто така, влијаеа на воздушниот сообраќај на аеродромот БЕР во Берлин. Досега за денеска се откажани 20 летови до и од Франкфурт и 10 летови до и од Минхен, изјави портпаролката на аеродромот.

Од патниците кои патуваат за Франкфурт или Минхен се бара редовно да го проверуваат статусот на летот. Во некои области на Баварија, наставата е откажана или се одржува од дома поради временските проблеми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK