Во бруталниот руски напад на детската болница во Киев убиена млада докторка

Svitlana-Lukjancuk.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера беше објавено дека две лица се убиени во руски напад на најголемата украинска детска болница Охматдит во Киев. Ранети се уште 32 лица, меѓу кои и осум деца на кои им е потребна болничка помош, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко.


Една од убиените е 30-годишната Свитлана Лукјанчук од Лавов.

Како што пренесува „Скај њуз“, Свитлана била сирак, а ја одгледала нејзината тетка пред да замине да студира на Националниот медицински универзитет Богомолец. По дипломирањето, таа работела како педијатриски нефролог во Охматит.

Таа ќе биде погребана во Лавов во близина на нејзините родители на гробиштата Холоскив.

Кремљ денеска соопшти дека за нападот на детската болница во Киев ден претходно е одговорна украинската противвоздушна одбрана, а не Русија, додека ОН оценија дека најверојатно станува збор за руски проектил. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков не даде докази за своето тврдење, но рече: „Инсистирам, ние не напаѓаме цивилни цели“.

Украинските власти тврдат дека Русија во понеделникот ја погодила главната детска болница во Киев со проектил и дека гранатирала други градови низ земјата, при што загинале најмалку 41 цивил. Тоа беше најлошиот бран воздушни напади во последните месеци.

Украинската служба за безбедност соопшти дека болницата била погодена од руски проектил Калибр Кх-101 и дека на местото на настанот се пронајдени докази, поточно делови од задниот дел на проектилот со сериски број и дел од системот за наведување. Шефот на набљудувачката мисија на ОН рече дека смртоносниот напад врз детската болница во главниот град на Украина најверојатно бил предизвикан од директен удар од руски проектил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK