Во близина на училиштето во Белград каде што беше извршен масакрот осамна роденденска честитка за Вучиќ

cestitka1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во близина на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ се појави графит со роденденска честитка до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.


На ѕидот пишува – „Србија е вечна се додека нејзините деца се верни, среќен роденден“, пренесува Н1 Србија.

Буквите А и В обоени во црвено и сино јасно сигнализираат до кого е адресирана оваа порака.

Да потсетиме, основното училиште „Владислав Рибникар“ е училиштето во кое на 3 мај минатата година се случи масакрот во кој беа убиени девет ученици и училишниот чувар, по што целата земја беше во жалост.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK