Најмалку седум лица загинаа, а 21 се повредени кога автомобил влета во гледачи за време на автомото трка организирана од армијата на Шри Ланка вчера источно од Коломбо, соопшти полицијата.
Возилото удри во толпата на незаштитен дел од земјена патека што ја одржува армијата кај Фокс Хил, кој се наоѓа на околу 180 километри од главниот град на Шри Ланка.
🚨🇱🇰BREAKING: MASSIVE RACECAR ACCIDENT | 7 KILLED, 23 INJURED
7 people, including a child, were killed and 23 others critically injured when a race car veered off the track and into spectators at a racing event in Diyathalawa, Sri Lanka.
Source: India TV News pic.twitter.com/DrZ7jb1r6R
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) April 21, 2024
На видеото споделено на социјалните мрежи се гледа како лицата од надзорот на патеката веат жолти знамиња за да ги предупредат возачите да ја намалат брзината откако автомобил се преврте на патеката. Потоа се гледаат неколку автомобили како со голема брзина одат покрај облаците од портокалова прашина, додека црвен автомобил не удри во толпата, по што се слуша луѓе како врескаат.
„Вкупно 27 лица се пренесени во болница, од кои седум починале од повредите“, изјави Нихал Талдува, портпарол на полицијата, додавајќи дека меѓу загинатите има и осумгодишно девојче.
Медиумите објавија дека на патеката Фокс Хил биле присутни околу 100.000 гледачи.