Аргентинскиот инфлуенсер, Марито Лоренс, познат по своите совети за купување месо, реши да ги предупреди луѓето за подмолниот трик што го користат одредени месари.
Оваа измама, како што тврди, се извршува за неколку секунди, а на клиентите им „вади“ повеќе пари од џебот.
Марито, по професија месар, објаснува дека муштериите „лесно се мамат“ затоа што обично гледаат во телефоните или прават други работи, наместо да внимаваат на вагата.
„Техниката е едноставна и ефикасна“, рече тој.
Додека месарот го известува купувачот за вредноста на месото, тој дискретно ја влече торбата во еден агол и на тој начин ја зголемува вкупната тежина, пренесува Lakalle Blu Radio.
Ваквата измама лесно можете да ја избегнете ако погледнете што прави месарот, наместо да гледате во телефонот“, нагласи младиот човек.
Видеото предизвика гнев кај корисниците на социјалните мрежи, а многумина истакнаа дека ова (непријатно) искуство го доживеале и претходно.
„Не сум изненаден, нешто слично веќе ми се случи“, напиша една личност, а друга продолжи: „Отсега нема да го тргам погледот од вагата“.
View this post on Instagram