(Видео) Украински генерал објави видео од првото лансирање ракета од моќниот американски систем ATACMS

Видео-Украински-генерал-објави-видео-од-првото-лансирање-ракета-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Командантот на украинските вооружени сили, генерал Валериј Залужни, на Фејсбук објави видео во кое наводно се гледа моментот на лансирање на ATACMS.

„Волстрит жрнал“ претходно објави дека Украина за прв пат ги нападна Русите со американскиот систем АТАСМS.

Ракетниот систем АТАCМS има дострел од околу 305 километри, што е доволно за украинските сили да ги погодат руските цели далеку зад линиите на фронтот. Сепак, оние што се испратени во Украина имаат помал дострел и носат касетна муниција, која се отвора во воздухот кога е истрелана, ослободувајќи стотици бомби наместо една боева глава.

Веста за користењето на системот потоа ја потврди и Зеленски.

Испораката на проектилите се случи во тајност, а првата јавна потврда се очекуваше да дојде кога проектилите ќе бидат употребени на бојното поле.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK