(Видео) Украински дрон ја нападна најголемата рафинерија во Русија: избувна пожар во објектот на Роснефт

Видео-Украински-дрон-ја-нападна-најголемата-рафинерија-во-Русија-избувна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украински беспилотни летала целеле на нафтена рафинерија во сопственост на Роснефт во јужна Русија, изјави украински извор, пренесе Ројтерс.


По нападот, во текот на ноќта избувна пожар во извозно ориентирани единици во градот Туапсе, во југозападниот дел на покраината Краснодар, но локалните руски власти рано утринава соопштија дека пожарот е изгаснат.

„Вакум единицата беше во пламен. Според прелиминарните информации, нема жртви или повредени“, изјави на Телеграм началникот на областа Туапсе Сергеј Бојко.

Немаше реакција од најголемиот руски производител на нафта. Според украинскиот извор, службата за безбедност СБУ ја погодила рафинеријата со беспилотни летала, кои, како што додава изворот, ќе продолжат да гаѓаат објекти кои обезбедуваат гориво за руските војници.

„СБУ удира длабоко во Руската Федерација и продолжува да ги напаѓа објектите кои не се само важни за руската економија, туку и оние кои обезбедуваат гориво за непријателските трупи“, изјави украински извор за Ројтерс.

Неофицијалните канали на Телеграм споделија слики од пожарот, потврдувајќи дека беспилотните летала се одговорни за нападот на рафинеријата.

Погодената фабрика има годишен капацитет од 12 милиони тони (240.000 барели дневно) и произведува нафта, мазут, вакуумски бензин и дизел со висока содржина на сулфур.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK