(Видео) Украинците објавија снимка: Вечерва потопивме скап руски воен брод

Видео-Украинците-објавија-снимка-Вечерва-потопивме-скап-руски-воен-брод.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Припадници на специјалната единица „Група 13“ на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) синоќа ја уништиле корветата „Ивановец“, соопштија украинските разузнавачи. „Операцијата беше овозможена со поддршка на Министерството за дигитална трансформација на Украина и платформата ‘Јунајтед24’“, изјавија тие.

„Јунајтед24“ е платформа управувана од украинската влада, лансирана на 5 мај 2022 година за да се соберат пари за украинската војска. „Непријателскиот брод се наоѓаше на езерото Донузлав во привремено окупираниот Крим“, истакнаа украинските разузнавачи.

„Како резултат на серија директни удари на трупот, рускиот брод претрпе критична штета што предизвика бродот да потоне“, додаваат тие. Тие споделија и двеминутно видео кое покажува како се одвивала операцијата. На видеото се гледа како бродот неуспешно се обидува да уништи поморски дрон кој му се приближува.

Тие истакнаа дека вредноста на изгубениот брод се проценува на приближно 60-70 милиони американски долари. Станува збор за брод со наведувани проектили. „Украинска правда“ пишува дека според првите извештаи, операциите за пребарување и спасување на руски војници од езерото биле неуспешни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK