Поранешниот американски претседател и веројатен републикански кандидат Доналд Трамп остро ја критикуваше американската помош за Украина на предизборниот митинг во Детроит во саботата.
Говорејќи на настанот „Turning Point USA“, Трамп рече дека ќе ја прекине американската помош за Украина пред да ја преземе Белата куќа.
„Мислам дека Зеленски е можеби најголемиот бизнисмен од сите политичари што некогаш живееле, секогаш кога доаѓа во нашата земја си оди со 60 милијарди долари.
Тој пред четири дена замина со 60 милијарди долари, а дојде дома и објави дека му требаат уште 60 милијарди долари. Никогаш не завршува. Тоа ќе го решам пред да ја преземам Белата куќа како новоизбран претседател“, рече Трамп во говорот.
Трамп претходно изјави дека ќе ја запре воената помош за Украина доколку победи на претседателските избори во САД во 2024 година.Трамп исто така тврдеше дека Русија немаше да започне инвазија на Украина во 2022 година, доколку добиеше втор мандат.