(Видео) Торнада опустошија неколку делови на САД, десетина мртви

tornado-sad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Торнада кои го зафатија централниот дел на САД усмртија најмалку десетина луѓе и оставиле трага на уништување, а синоптичарите предупредуваат на дополнително влошување на времето.

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, на возраст од 2 и 5 години, загинаа во Тексас кога силно торнадо ги зафати заедниците во северниот дел на државата во близина на границата со Оклахома во саботата вечерта, изјави шерифот на округот Кук Сапингтон. Многу луѓе се здобиле со различни повреди. Размерите на катастрофата станаа јасни синоќа додека официјалните лица се приближуваа на крајот на операцијата за пребарување и спасување.

Шерифот извести дека бројни приколки во најтешко погодената област „целосно исчезнале“, а други претрпеле голема штета од бурата, за која Сапингтон проценил дека оставила трага на уништување широка 400 метри, долг од 4,8 до 6,4 километри.

Торнадо, исто така, го опустоши округот Дентон, северозападно од Далас, во саботата навечер, оштетувајќи ги домовите и другите имоти и соборувајќи далноводи. „Бројот на повредени и видовите на повреди засега не се познати бидејќи спасувачките напори се уште се во тек“, соопштија локалните власти на Фејсбук.

Стотици илјади корисници останаа без струја низ поголемиот дел од земјата, вклучувајќи ги Арканзас, Мисури и Тексас во неделата. Официјални лица во Арканзас, исто така, објавија неколку смртни случаи поврзани со невремето, додека патиштата беа затворени и блокирани од остатоци, соборени дрвја и далноводи, а торнадото уништи и бројни домови и деловни објекти, со многу повредени.

Невремето предизвика голема штета и најмалку двајца смртни случаи во делови на Оклахома, каде што официјалните лица го активираа Центарот за итни операции за да ги координираат напорите низ државата. Во Индијана лошото време го одложи почетокот на познатата автомобилска трка Инди 500.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK