Тешка сообраќајна несреќа се случил на автопатот А21 меѓу Манербио и Понтевико во Италија. Во сударот учествувале 20 возила, а загинале двајца сопружници кои останале заглавени под двокатниот камион, јавува Анса. Повеќе од 25 лица се повредени и пренесени во болници. Патот во правец на Кремона и Бреша беше затворен.
#Brescia, 20 mezzi coinvolti in un incidente stradale, 30 persone soccorse dai #vigilidelfuoco, 2 deceduti stamattina sulla A21, tra Pontevico e Manerbio#nebbia #maltempo #5febbraio pic.twitter.com/Q2zTsDVUUL
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) February 5, 2024
На местото на несреќата се запалиле три автомобили. Во судирот учествувале и два автотранспортери полни со возила. Жртвите останале заробени во своите автомобили, а маглата ги отежнала спасувачките операции.
Тоа не беше единствената сообраќајна несреќа денеска во регионот Емлија Ромања. Во истиот регион денеска се случиле вкупно 11 сообраќајни несреќи, а на А22 во областа Модена загинал возач на камион. Вкупно се повредени повеќе од 50 луѓе. Во една од сообраќајните незгоди се превртело возило кое превезувало цемент, кое блокирало четири сообраќајни ленти.
Повеќе од 20 возила за брза помош се на терен, а противпожарните екипи работат на извлекување на луѓето.