(Видео) Страшни снимки доаѓаат од Тајван: разорниот земјотрес го тресе целиот остров и урива згради

Screenshot-2024-04-03-060939.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Многу силен земјотрес го погоди Тајван, а локалните медиуми јавуваат дека има оштетени згради и дека на терен има припадници на војската, кои се обидуваат да им помогнат на настраданите.


Земјотресот го погоди источниот брег на Тајван, со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала. Следуваше серија малку послаби земјотреси, од кои најсилниот беше околу 6 степени.

Јапонија и Тајван го повлекоа предупредување за цунами кое беше издадено веднаш по земјотресот.

Според Националниот команден центар за вонредни состојби (CEOC), најмалку 26 згради се урнале во земјотресот, а во седум од нив луѓе останале заробени.

Најмногу урнати згради, 15, има во областа Хуалиен, која е најблиску до епицентарот на земјотресот.

Во моментов без струја се 91.000 домаќинства, а прекинати се и некои железнички линии на истокот од земјата.

Едно лице загина во земјотресот, потврди тајванската Национална противпожарна агенција.

Повеќе од 50 луѓе се повредени, објави Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 18 километри јужно од градот Хуалиен, а во таа област биле пријавени и оштетени згради и куќи, соопшти тајванското Министерство за одбрана. Припадниците на армијата беа испратени на терен за да им помогнат на настраданите, а училиштата и многу работни места беа затворени по земјотресот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK