(Видео) Страшен масакр во Москва: најмалку 40 загинати досега, јавуваат руските агенции

pukanje-moskva33.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку 40 лица загинаа, а повеќе од 100 се ранети во пукотница во концертна сала во Москва, јавува новинската агенција ТАСС.

Најмалку три лица во маскирни униформи отворија оган во концертното место Crocus City Hall.

Како што јави Новаја Газета, најмалку 40 луѓе се убиени во овој ужасен масакр во концертна сала во московското предградие Красногорск.

Покрај загинатите, во нападот се повредени и најмалку 100 лица, пишуваат државните агенции. Исто така, се верува дека уште 200 луѓе се заробени во зградата додека пожарот се шири.

Очевидци опишаа и експлозија што се случила во концертната сала пред пукањето.

Дописникот на Спутник од местото на настанот изјави дека напаѓачите фрлиле граната или запалива бомба, што го предизвикало пожарот.

„Луѓето во салата се симнаа на подот за да го избегнат пожарот, лежејќи таму околу 15-20 минути, по што почнаа да лазат надвор. Многумина успеаја да излезат“, додава дописникот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK