(Видео) Русите погодија станбена област кај Харков; загинаа тинејџери


ukraina-napad-depositphotos_731570084_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени во вчерашниот руски ракетен напад врз станбена област во Писочин, населба во близина на Харков.


Украинската национална полиција соопшти дека меѓу загинатите имало 16-годишно момче и две жени, на возраст од 19 и 51 година. Ракетата погодила место во близина на продавница и станбени згради, пренесува „Киев Индипендент“.

Меѓу повредените имало и две девојчиња, на возраст од девет и 13 години. Сите настрадани се пренесени во болница; сериозноста на нивните повреди сè уште не е соопштена.

Нови напади врз регионот на Харков
Нападот во Писочин се случи истиот ден кога Харков, вториот по големина град во Украина, беше погоден со две наведувани бомби. Едно лице загина, а најмалку осум беа повредени во напад врз градската област Немишљански.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна зачестеноста на руските напади. „Само оваа недела, Русите лансираа околу 1.450 воздушни бомби, 75 ракети од различен тип и повеќе од 1.640 напаѓачки дронови, од кои околу 60 проценти беа со млазен погон“, рече Зеленски.

Русија редовно изведува напади врз цивилната инфраструктура низ Украина. Харков и околните области се чести цели поради нивната близина до линијата на фронтот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK