(Видео) Русите го нападнаа Харков, ракети погодија станбени згради, најмалку тројца загинати

harkov-napad3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку три лица загинаа во рускиот напад на Харков, Украина, а 16 се ранети, јавува Ројтерс.

Руски ракети погодија три локации во Харков, соопштија рано утринава локалните власти. Тоа е вториот по големина град во Украина, кој е постојана цел на руски напади од почетокот на војната.

Регионалниот гувернер Олех Синехубов рече дека руските сили користеле техника „двојно допирање“ како што се случи во неодамнешните напади, изведувајќи втор напад веднаш по нападот на одредена локација. Шефот на полицијата во Харков, Володимир Тимошко, за локалните медиуми изјави дека проектилите погодиле станбена зграда, продавница на три ката и кројачка продавница.

Синехубов изјави и дека најмалку две деца се меѓу повредените во нападот што се случи околу полноќ по локално време, предупредувајќи дека постои можност некои луѓе да бидат заробени под урнатините.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека имало неколку удари во областа по првиот удар и пријавил серија експлозии.

Градот, инаку, го издржа рускиот напредок во првите недели од инвазијата, но во последните недели постојано е цел на руски напади.

Москва негира дека намерно гаѓала цивили. Илјадници се убиени и повредени од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK