Утрово имало пукање во училиште во Брјанската област, Русија, потврдија оперативните служби за руската државна новинска агенција Тасс.
„Ученичка од осмо одделение, девојче, донела огнено оружје во училиште од кое пукала неколку пати“, рекол изворот.
„Според првичните информации, еден од учениците внесол огнено оружје во зградата на Гимназијата и испукал неколку истрели, при што се повредени пет лица. После тоа девојчето се самоубило. Од здобиените рани починала и една од ранетите вработени во училиштето“, соопшти регионалното Министерство за внатрешни работи.
Се претпоставува дека ученичката го зела оружјето на нејзиниот татко.
A female student in the Russian city of Bryansk brought a firearm into the classroom & discharged it several times, media outlets have reported.#Bryansk #Russia #Breaking
TASS reported the shooter was an 8th grader, which would put her in her early teens. According to RIA… pic.twitter.com/D3XBFbUczJ— ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) December 7, 2023
Лекарите потврдија дека две жртви се во средно тешка состојба.
„Едно дете е примено, има повреди на рамото и коленото, состојбата е со средна сериозност. Даваме прва помош и најверојатно ќе биде пренесено во детска болница“, соопштија од градската болница во Брјанск.
Од Регионалната детска болница известија дека е примено уште едно повредено дете со рана на левото рамо. „Има 14 години, има прострелна рана. Состојбата е средно тешка, хоспитализиран е“, рекол изворот.
На местото на настанот работат полицијата и итната помош. Се истражуваат околностите на инцидентот. Градската управа извести дека две лица загинале, а четворица се повредени, но објавата подоцна била избришана.