Сопругата на Трифуновиќ: Сергеј е казнет за меме-фотката, но не е нејзин автор

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сопругата на Сергеј Трифуновиќ, Исидора проговори за неодамнешниот случај на српскиот актер. Таа во интервју за ТВ Блиц изјави дека актерот е осуден на една година затвор и дека мора да ја напушти Хрватска до 22 септември.



„Сергеј е казнет за меме фотографија, тој не е автор на таа фотографија, тој е дистрибутер. Фотографијата е спорна. Овој случај нема врска со оној од минатата година во Сплит. Сергеј тогаш беше осуден и плати. Имајќи предвид дека тој не беше на територијата на Република Хрватска кога ја сподели таа фотографија, не ни е јасно дали важат хрватските закони“, изјави Исидора.

„Нему му е забранет влез во Хрватска на три месеци. Тој мора да ја напушти Хрватска до 22 септември“, додаде таа, а потоа раскажа како таа и Сергеј го поминале времето во Хрватска откако тој бил ослободен.

„Одморивме, прошетавме, тој е разочаран поради начинот на кој го третираа. Не се чувствува добро за околностите. Моите родители живеат во Хрватска, никој не ни гарантира што ќе биде следниот пат ако решиме заедно да ги посетиме“, заклучи Исидора.

Сергеј Трифуновиќ беше уапсен во вторник околу полноќ на граничниот премин Бајаково додека преминувал од Србија кон Хрватска. Потоа бил спроведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит. Трифуновиќ пред судот изјави дека не се чувствува виновен за она за што е обвинет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK