Двајца сопружници и возач на камион загинаа денеска во тешките сообраќајни несреќи на италијанските автопати, кои се случија со разлика од само неколку часа.
Во двете сообраќајки загинале најмалку три лица, а повредени се повеќе од 50, според последните извештаи на медиумите.
Во судирот во кој учествувале 20 возила загинале двајца сопружници.
#Brescia, 20 mezzi coinvolti in un incidente stradale, 30 persone soccorse dai #vigilidelfuoco, 2 deceduti stamattina sulla A21, tra Pontevico e Manerbio#nebbia #maltempo #5febbraio pic.twitter.com/Q2zTsDVUUL
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) February 5, 2024
Според информациите, 3 лица се здобиле со тешки физички повреди, додека останатите се здобиле со полесни повреди.
Во вториот верижен судир, кој се случи околу 11:55 часот на автопатот А22, во кој учествуваа околу 100 возила, загина едно лице – неидентификуван возач на камион.
Маглата ги отежна спасувачките операции, додека многу учесници останале заробени во своите возила.
Во верижниот судир учествувале камиони, автомобили, комбиња, како и два носачи на автомобили.
Во истиот регион денеска се случиле 11 одвоени сообраќајни незгоди, поради временските неприлики кои ја намалиле видливоста.