(Видео) Поплави во Австрија, властите повикуваат на претпазливост: „Секоја капка дожд што паѓа е премногу“

poplavi-avstrija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невреме со грмотевици погоди делови од Австрија во саботата, предизвикувајќи поројни поплави и големи материјални штети. Бројни улици беа поплавени, водата навлегуваше во куќите и носеше автомобили. За време на викендот одрон падна на автопатот кај Грац, силниот ветер собори дрвја на патот.


Невремето ги уништи и избирачките места за изборите за Европскиот парламент. Таков беше случајот со избирачките места во јужната провинција Штаерска, поточно во селото Дојчфејстриц со околу 4.000 жители северно од Грац.

Австрискиот метеоролошки институт прогнозира нови врнежи од дожд во наредните денови, а Државниот предупредувачки центар повикува на внимателност. Ноќта од недела кон понеделник беше помирна, но од утринските часови можна е појава на грмежи проследена со пороен дожд.

„Секоја капка што паѓа од небото во моментот, особено во окрузите Грац-Умгебунг и Хартберг-Фирстенфелд и во сите други погодени области, е премногу. Според тоа, се надеваме дека ништо сериозно нема да се промени во ситуацијата“, рече Томас Мајер, портпарол на Државната противпожарна бригада за Штаермарк.

За време на викендот интервенираа пет илјади пожарникари, а денеска продолжува работата на расчистување на последиците од невремето кое, според странските медиуми, не ја погодило Штаерска во последните 40 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK