(Видео) Покажа фотографии од убиени деца, Американците излегоа од салата во ОН


14312967.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан остро одговори на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп.


„Американскиот претседател нè нарече терористи. Всушност, ние сме жртви на тероризам“, рече Пезешкијан. Тој тврдеше дека САД „бомбардирале училиште“ и дека „деца загинале под бомбите – убиени од оружје користено од САД и Израел“.

Тој нагласи дека Иран „не ја наведнал главата“ и дека „возвратил, но не го нападнал цивилното население“.

Пезешкијан покажа фотографии од покојниот врховен лидер Али Хамнеи и од повеќе од 150 ученици кои загинале во првите денови од војната.

„Ние само се браневме. Ние не сме терористи“, им рече Пезешкијан на присутните во Генералното собрание. Американската делегација ја напушти салата за време на неговиот говор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK