(Видео) Пет лица загинаа во невреме во Мичиген, огнени торнада во Канада

1692990184_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Силно невреме во Мичиген со моќни ветришта со брзина и до 120 километри на час уриваше дрвја, откорна покриви на куќи и уби пет лица додека стотици илјади останаа без струја, изјавија властите на сојузната држава.


Националната метереолошка служба денескa изјави дека штетите од невремето се предизвикани од неколку торнада. Во Британска Колумбија, најзападната провинција на Канада, пак неделава беа забележани огнени торнада, на местата каде се уште беснеат шумски пожари.

Во западниот дел на Мичиген, округ Кент синоќа загинале 21 годишна жена и две девојчиња на возраст од една и три години во директен судир на две возила кои возеле во дождот. Возачот маж, е повреден и бил однесен во болница. Колата удрила во теренско возило во кое немало тешко повредени.

Во престолнината на Мичиген Лансинг, едно лица загинало како последица на пад на дрво врз дом. Верижен судир се случил на меѓудржавниот автопат 96, при што загинало едно лице, повеќемина се тешко повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK