(Видео) Париската полиција со солзавец и шок-бомби ги растера демонстрантите на Плоштадот Република


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напнато на улиците на Париз, полицијата интервенираше откако демонстрантите ја нападнале со шишиња и камења. Протестот не бил одобрен од надлежните власти.


Париската полиција употреби солзавец и шок-бомби за да спречи нов протест на Плоштадот Република во Париз, каде што десетици луѓе се собрале по повици објавени на социјалните мрежи, во услови на пошироки немири и грабежи забележани низ Франција.

Во текот на попладнето, на плоштадот и во околината владеела напната атмосфера. Силни полициски сили ги блокирале сите пристапи, додека демонстрантите се собирале, се повлекувале и повторно се враќале.

Во еден момент, зад блиската зграда почнал да се издига густ црн чад, што укажувало дека повторно избиле пожари. Полицајците повремено влегувале меѓу собраните демонстранти и испукувале големи количества солзавец.

Според описот на настаните, полицијата најпрво им дозволувала на демонстрантите да влезат на плоштадот, а потоа интервенирала за да ги растера.

До ескалација дошло откако демонстрантите ги нападнале припадниците на безбедносните сили со шишиња и камења, по што полицијата одговорила со солзавец и шок-бомби.

Од париската полициска управа соопштиле дека протестот не бил одобрен. Според нив, полициските службеници извршиле проверки и поставиле безбедносен кордон за да можат брзо да интервенираат доколку биде потребно.

„По првите знаци на напнатост, службениците започнаа акција за растерување на толпата и приведување на учесниците“, се наведува во полициското соопштение.

Плоштадот Република традиционално е место за одржување протестни собири во Париз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK