(Видео) Откриено дека највисокиот водопад во Кина се напојува со вода од цевка

vodopad-kina-cevki.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Највисокиот водопад на планината Јунтаи ја добива водата од цевка вградена во карпите, покажа контроверзното видео снимено од еден планинар и објавено на социјалните мрежи, јавува Би-Би-Си.


Видеото собра повеќе од 70.000 лајкови откако првично беше објавено во понеделникот.

Менаџерите на туристичкиот парк Јунтаи објавија дека додале „мало подобрување“ за време на сушната сезона за да го направат патувањето до водопадите вредно за посетителите.

„За тоа како ги издржав сите тешкотии на патот до изворот на водопадите Јунтаи само за да ја видам цевката“, стои во описот на видеото објавено од корисникот „Фарисвов“.

Темата „изворот на водопадите Јунтаи се само некои цевки“ брзо се прошири на социјалните мрежи.

„Како сезонска атракција, не можам да гарантирам дека ќе бидам во својата најубава форма секој пат кога ќе дојдете да ме видите“, напиша паркот во име на водопадите. „Направив мало подобрување во текот на сушниот период за да изгледам најдобро кога се среќавам со моите пријатели“, додаваат тие.

Водопадот во централната провинција Хенан е висок 312 метри и е дел од планинскиот геопарк Јунтаи. Секоја година таму патуваат милиони посетители, привлечени од геолошките формации стари повеќе од милијарда години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK